Калеска: Страшно е што 19 години немаме попис

by Фокус
Пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска-Ванчева, во вечерашната емисијата Топ Тема, изјави дека исклучително важно и потребно е што поскоро да се донесе Законот за спроведување на попис. Според неа, сите аспекти за пописот треба да се остават на стручњаците.
-Се друго е работа на методологијата и на Законот за статистика. И ние сега однапред говориме за методологијата, а не сакаме да пристапиме кон општествен политички конзенсуз дека Законот треба да биде донесен. Знаете што значи за една држава 19 години да нема попис, тоа е страшно – рече Калеска-Ванчева.
Во спроведувањето на пописот, истакна таа, политика не смее да има.

Поврзани новости