Сајкоски од Прилеп: Не го заборавивме Ден Дончев

by fokus

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоргија Сајкоски, на вечерашната трибина во Прилеп истакна дека власта потрошила 16 и пол милијарди евра пари на народот, а ветените проекти никаде ги нема.

-Изминативе четири години низ општините низ Македонија се соочуваме со руинирани институции, се соочуваме со криминал од епски размери, граѓаните не заборавија дека само пред две години Кочо Анѓушев како вицепремиер си делеше за себе концесии, и не заборавивме дека Боки 13 одеше со ваши пари, земени од граѓаните, не го заборавивме Ден Дончев, ниту многуте криминали кои се појавуваа буквално секој ден и на централно и на локално ниво во изминативе четири години – вели Сајкоски.

Тој додаде дека во Прилеп беше уапсен началникот на полицијата, како и, истакна Сајкоски, многу други кои останаа да го продолжуваат криминалот.

Поврзани новости