САД ставија на црната листа 14 руски танкери

by Fokus

Американските власти ставија на црната листа 14 руски нафтени танкери за да наметнат ограничување од Западот на цената на суровата нафта што ја продава Москва.

Санкциите воведени од Министерството за финансии на САД се насочени кон руската национална компанија „Совкомфлот“.

Таа компанија доби 45 дена да истовари нафта и друг товар од 14 бродови.

Мерката доаѓа во пресрет на втората годишнина од руската инвазија на Украина.

Поврзани новости