САД пак побара Иванов да ја повлече аболицијата

by Фокус

Силно го поттикнуваме претседателот Ѓорге Иванов да ја поништи неговата одлука и да му дозволи на Специјалното обвинителство и на судовите да ја вршат својата работа.

Ова беше кажано на брифинг во американскиот Стејт департмент, на барање на Гласот на Америка за коментар за настаните во Македонија од последниве денови.

– Ние и ЕУ јасно ја искажавме загриженоста за важноста на кредибилни избори во Македонија. Времето е кратко, многу преостанува да се направи – рекла портпаролката Елизабет Трудо.

Поврзани новости