САД најавија голема воена операција за чистење на Сирија од ИД

by fokus

САД, заедно со глобалната коалиција и регионалните партнери како Демократските сили на Сирија почнуваат воена операција за конечно ослободување на Сирија од Исламска држава, изјави денеска портпаролката на Стејт департментот Хедер Нојерт, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

– Борбите ќе бидат тешки, но ние, заедно со нашите партнери, ќе победиме. Следува одлучен одговор ако САД, коалицијата и партнерските сили бидат нападнати. Деновите кога ИД држи територии под своја контрола се одброени и доаѓа крај на терориризирањето на народот на Сирија, истакна Нојерт.

Таа додаде дека за остварување на оваа цел НАТО ќе работи со сојузникот Турција и со регионалните партнери Израел, Јордан и Либан за да се обезбедат нивите граници од ИД.

– Како што рече претседателот Доналд Трамп на средбата со неговиот француски колега Емануел Макрон, ќе обезбедиме силно и долготрајно присуство во Сирија за да се спречи враќањето на ИД и злоупотреба на населението од страна на режимот на Асад или од неговите подржувачи од Иран, изјавија Нојерт.

САД се подготвени да ги оживеат преговорите од Женева под покровителство на Советот за безбедност на ОН и резолуцијата 2254 и да мобилизираат меѓународни извори за реализација на итна хуманитарна помош и стабилизација на Сирија.

Поврзани новости