Гаши демантира дека добил понуда за министер за образование: Водиме разговори со Заев, но рано е за тоа

by fokus 22:03
22:03

Лидерот на едното крило на Беса, Африм Гаши, во чија група се тројца пратеници, за Либертас вечерва изјави дека не е точна информацијата на тв 21 според која тој добил понуда неговото крило да влезе во владата на Заев, а тој да биде министер за образование.

-Ние водиме разговори со премиерот Заев и тоа не е тајна, но во разговорите не сме дошле до тоа да добиеме ресор и јас да бидам министер за образование. Рано е за тоа, а во нашата партија има расположение да партиципираме со тројца пратеници во владата, вели за Либертас, Африм Гаши.

 

Поврзани новости