САД ќе градат привремено пристаниште за помош на Газа: ќе го градат од бродови

by Fokus

Американските сили во следните неколку недели ќе изградат привремено пристаниште на брегот на Газа за да овозможат испорака на хуманитарна помош во голем обем, најави американскиот претседател Џо Бајден во своето обраќање за состојбата на Унијата.

„Не ги чекаме Израелците. Ова е момент за американското раководство“, изјави денеска висок американски функционер, изразувајќи фрустрација поради неспособноста на Израел да и помогне на Газа.

Пристаништето ќе го градат американски воени инженери од бродови во близина на брегот на Газа, кои нема да мора да излегуваат на брегот, соопштија американските власти. Пратките со помош ќе бидат испорачани од пристаништето Ларнака на Кипар, кое ќе стане главен центар за помош.

„Ова пристаниште, чија главна карактеристика е привремена концесија, ќе обезбедува капацитет за стотици дополнителни камиони со помош секој ден“ додаде функционереот.

Во своето обраќање за состојбата на Унијата, Бајден ќе објави и отворање на нов копнен премин во окупираниот и уништен крајбрежен појас. Бајден беше жестоко критикуван во неговата партија поради тоа што не ги отвори коридорите за хуманитарна помош во Газа, со закана од глад и 30.000 загинати Палестинци од почетокот на војната на 7 октомври.

Поврзани новости