Трагедија во гевгелиско: Гром удри во дете кое почина на лице место

by Fokus

Гром удрил во дете и тоа починало на лице место. Трагедијата се случила попладнето, за време на силно невреме што го зафати гевгелискиот регион.

Според информациите, тоа се случило во гевгелиското село Негорци.

„Денеска (07.03.2024) во 15.30 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека во атар на с.Негорци, гевгелиско, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт со изгореници по телото, најверојатно од удар од гром, кај малолетник од с.Негорци, кој напасувал добиток. “, велат од МВР.

Поврзани новости