Бојмацалиев: Важно е граѓаните да ги знаат позициите на политичките партии, но и да препознаат дезинформации и лажни вести

by Fokus

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во интервју за српскиот весник Данас беше запрашан за претстојните избори во Македонија.

„Важно е граѓаните да бидат свесни за позициите на политичките партии, како и за тоа што се дезинформации а што лажни вести. Нашата цел е да го слушнеме гласот на граѓаните и да гарантираме безбедно спроведување на изборите. Со организирање на локалните избори во 2017 и 2021 година, референдумот во 2018 година, претседателските избори во 2019 година и парламентарните избори во 2020 година, ние како држава поставивме стандарди кои не смеат да се напуштат и од кои не смее да се отстапува. На сите претходни средби со амбасадорите во Северна Македонија ја истакнав важноста од организирање на изборниот процес според европските принципи. За таа цел, соработуваме со Државната изборна комисија, Државната комисија за спречување на корупцијата, домашните и меѓународните набљудувачи, како и другите институции вклучени во изборниот процес, со што се гарантира потребната координација за исполнување на законските и демократските стандарди”, истакна Бојмацалиев.

Поврзани новости