САД и СЗО ќе прават дополнителни студии за потеклото на корона вирусот

by fokus

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на вчерашната средба со директорот на Светска здравствена организација Тедрос Адханом Гебреисус во Кувајт договорија изработка на дополнителни студии за откривање на потеклото на пандемијата.

– На состанокот беше истакнато дека во следната фаза, истрагата мора да биде навремена, базирана на докази, транспарентна и да биде водена од експерти врз кои не може да се влијае, се посочува во соопштението на Стејт департментот.

СЗО претходно повика на заедничка истрага за да се открие потеклото на корона вирусот, но Кина ги отфрли плановите за дополнителни инспекции на лаборатории и пазари на нејзина територија.

Првите случаи на инфекција со вирусот Ковид-19 кај луѓето беа пријавени во градот Вухан во декември 2019 година, а Кина ги отфрли теориите дека вирусот „протекол“ од една од нејзините лаборатории.

Поврзани новости