САД го раскинуваат Договорот за иранската нуклеарна програма

by fokus

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва соопшти дека САД се повлекуваат од Договорот за иранската нуклеарна програма и најави возобновување на санкциите кон Иран, кои беа укинати согласно документот.

Трамп во обраќањето, што беше директно пренесувано на американските телевизии, го обвини Иран за поддршка и спонзорирање на тероризмот и за предизвикување хаос на Блискиот Исток.

Тој оцени дека „иранскиот режим“ не се придржувал кон обврските предвидени со Договорот, поради тоа и решил САД да се повлечат од него.

Трамп нагласи дека ако дозволи опстојување на Договорот, светот наскоро ќе се соочии со трка во нуклеарно вооружување на Блискиот Исток.

Поврзани новости