САД дозволиja деца над 12 години да се вакцинираат со „Фајзер“

by Fokus

Американската агенција за лекови го одобри барањето – деца од 12 до 15 години да може да се вакцинираат со вакцината на „Фајзер/Бионтек“. Директорката на ФДА , Џенет Вудкок истакна дека ова претставува значаен чекор во борбата против пандемијата.

-Овој чекор овозможува заштита на помладото население, што нѐводи сѐпоблиску кон чувството на враќање кон нормалност и крај на пандемијата, изјави Вудкок.

Вудкок дополни дека родителите можат да бидат сигурни во строгата и темелна проверка на сите расположливи податоци извршена од ФДА пред издавањето на дозволата за вакцината. Според производителите, клиничката студија во старосната група од 12 до 15 години во САД покажала ефикасност од 100 проценти, како и добра подносливост од вакцинираните. Нуспојавите, според резултатите, се речиси исти како оние кои се појавуваат и кај старосната група од 16 до 25 години.

Канада уште минатата недела ја одобри вакцината на „Фајзер/Бионтек“ за деца и младинци над 12 години. Моментално и во Европската агенција за лекови, ЕМА, се врши проверка на вакцината за оваа старосна група, а одлуката се очекува до крајот на мај или почетокот на јуни.

Поврзани новости