Студија: Кај нехоспитализираните ризикот е помал од долгорочни последици од Ковид-19

by Fokus

Пациентите со коронавирус кои не се хоспитализирани имаат мал ризик од сериозни, долгорочни ефекти од заразата, но кај нив е забележан поголем број посети на лекари по општа медицина по болеста, покажа студија објавена во списанието „Лансет заразни болести“ (The Lancet Infectious Diseases).

Истражување спроведено во Данска покажало дека постои мал ризик од сериозни компликации по инфекцијата кај пациенти кои не морале да бидат примени во болницата.

Сепак, овие пациенти имаат зголемен број посети на општи лекари и тоа може да биде последица на Ковид-19.

Поврзани новости