403
Не стивнува меѓународниот притисок до власта за мислењето на венецијанската комисија. По Брисел денеска и Вашингтон со јасна порака препораките за тн. закон за бомби и свиркачи да станат дел од законите пред да се распушти Собранието, јавува ТВ 24 Вести.
Амбасадата ќе продолжи да ја охрабрува Владата за измени на законите за приватност и за свиркачи за да ги вметне препораките од веницијанската комисја пред Собранието да се распушти на 7 април, велат од амбасадата на САД.
Пред да се распушти Собранието, има уште 12 дена за да се донесат законите. Доколку изборите се одржат на 5 јуни, Собранието ќе се распушти на 7 април.