Руте: Нема да се кандидирам за петти мандат

by Fokus

Холандскиот премиер Марк Руте, кој во петокот поднесе оставка, денеска изјави дека нема да се кандидира за петти мандат и дека ќе ја напушти политиката по изборите во ноември.

Руте поднесе оставка во петокот за време на четвртиот премиерски мандат, откако не воведе мерка за построга имиграциска политика.

„Донесов одлука дека повеќе нема да бидам достапен како лидер на Народната партија за слобода и демократија. Кога ќе се формира нова влада по изборите, ќе ја напуштам политиката. Во последните денови имаше многу шпекулации за тоа што ме мотивираше. Единствениот одговор е Холандија“, рече тој.

Кариерата на Руте како лидер на владата е најдолга во историјата на Холандија, откако ја презеде функцијата во октомври 2010 година.

Поврзани новости