Ученик избоде со нож наставник во Велика Британија

by Fokus

Средно училиште во Тевксбери, Глостершир, Англија, е затворено по нападот со нож што се случи таму денес.

Локалната полиција извести дека професорот бил избоден, а ученикот кој го нападнал со нож се обидел да побегне од местото на злосторството, јави „Дејли Мирор“ .

Мештаните велат дека областа ja надлетуваат хеликоптери и дека пристигнале полициски возила и амбулантни возила.

Се наведува дека во училиштето влегле вооружени полицајци, а на родителите им било препорачано да не влегуваат внатре.  Пред училиштето се собрале околу 100 луѓе, пишува  „Дејли Мирор“.

-„Академијата Тевксбери е во карантин од утрово. Ве молиме не доаѓајте и не се јавувајте на телефон. Наскоро ќе објавиме повеќе информации“, стои во пораката која утрово од училиштето е испратена до родителите на тамошните ученици.

Полицијата во Глостершир изјави дека тинејџерот кој го извршил нападот бил уапсен откако полицајците го блокирале локалниот пат.

Поврзани новости