Рустеми: Јанева имаше апсурдно барање, осомничените во “Поштенска банка” да платат, а да не одат во затвор

by fokus

Обвинителот Бурим Рустеми денеска сведочеше на рочиштето за случајот “Рекет”. Тој раскажа како тогашната шефица Катица Јанева побарала да се затвори случајот “Поштенска банка”.

-Се сеќавам дека во еден момент Јанева побара да му се врати пасошот на осомничениот Томе Главчев со гаранција од имот, односно машини за производство на кошули, во вредност од еден милион евра. Дадов позитивно мислење и по дискусија со одредени колеги заклучив дека во ред била замената, рече обвинителот.

Тогаш се надоврза и на начелното правно мислење од Врховниот суд.

-При крај на јануари се донесе начелното правно мислење од Врховен суд кое предизвика некој хаос во постапувањето, тоа наликуваше на амнестијата на Иванов и предизвика удар врз предметите по кои постапуваме. Се отвори дилема како да се постапува по отворените предмети по 18 месеци. Еден од предметите беше и “Поштенска банка”. Колективно одлучивме дека рокот од 18 месеци не значи амнестија и да се продолжи.

На еден неформален состанок, отидов кај Јанева, и во еден момент изнесе едно размислување дека размислува да се утврди штетата во Поштенска банка и предметите да се затворат во СЈО и обвинетите да не добијат затворски казни. Ова размислување ме змисли и се прашував што е позадината. Меѓутоа, следните денови, прретпоставував дека Јанева сака да се повикува на мислењето од Врховен суд и да ги затвори истрагите во СЈО, зошто само таа варијанта до некаде ми изгледаше логична, раскажа Рустеми.

Тогаш сведочеше и за клучниот колегиум во април.

-Во април се случи колегиум и Јанева го повтори ова размислување, дека така треба да биде за Поштенска банка и Империја, а ние немавме можност да се произнесеме. Побара да изготвиме извештај за настанатата штета и обвинетите да не одат во затвор. Изготвив извештај, меѓутоа освен настанатата штета ја наведов и максималната ублажена казна на сите обвинети според Кривичниот Законик и го дадов на секретарката на Јанева, бидејќи немавме контакт за оваа проблематика, рече обвинителот.

Тој додаде дека барањето од Јанева било апсурдно.

-Наведената варијанта беше апсурдна да се реализира, зошто спогодбите ќе бидат незаконски и нема да можат да поминат во судот, заклучи Рустеми.

Поврзани новости