Филипче: Актери од МНТ се скенирани со термална камера, никој немал симптоми на корона вирусот!

by fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче порача дека мерките за безбедност од евентуално доаѓање на корона вирусот во Македонија, се силни и порача дека нема простор за паника.

„Доколку се детектира некој граѓанин, првиот чекор е дали доаѓал од Кина или имал некаков контакт. Доколку имаме таков случај, постои протокол за изолација со посебно возило на Брза помош. Ние уште пред скенирањето знаеме колку заразени пациенти можеме да очекуваме и имаме двојна сигурност. Актерска екипа од МНТ била на 2.000 километри од градот Вухан, тие се скрнирани со термална камера и никој од нив нема симптоми на новиот корона вирус“, истакна Филипче.

Поврзани новости