655
Шефицата на јавното обвинителство за гонење на организиран криминал, Вилма Русковска, не верува дека Катица Јанева имала нарушена здравствена состојба.
-Ако имала здравствени проблеми, зошто не си поднела оставка уште додека била на функција? – вели Русковска во изјава за Дојче Веле.
Воедно, таа додава дека што се однесува до првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски, според лекарското мислење што го добие, е во нормална здравствена кондиција.