Русковска: Во случајот со Димова има сомнение дека е прекршен Законот за јавни набавки

by Фокус

Шефицата на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, во интервју за „360 степени“ рече дека за случајот со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во медиумите и јавноста повеќе бил интересот на доделувањето на средствата за проекти, но, како што истакна, тие имаат и друго сомнение.

-Не станува збор само за доделување на средства за проекти, туку се работи и за сомнение и дека е прекршен и Законот за јавни набавки. Видете, секој има право да мисли дека не сторил кривично дело – рече Русковска.

Таа додаде дека брзината со која донеле наредба за спроведување на истражна постапка е и во тоа што надлежната обвинителка била веќе во тек со предметот.

Поврзани новости