Мицкоски им порача на граѓаните да останат дома

by Фокус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во видео-обраќање упати критики до власта за справувањето со вирусот. Притоа, тој апелира граѓаните да се заштитат.

-Гледајќи ги денешните резултати од справувањето со корона вирусот сакам да ја споделам со Вас мојата тага, Македонија никогаш, никогаш не била во полоша состојба од денес. Загубата на нашите најблиски, роднини и пријатели, за министерот и премиерот се само ноќна статистика. Но, сакам да ги потсетам дека тие луѓе кои ги губиме биле прекрасни родители, дедовци, работници, доктори или учители кои сме ги изгубиле засекогаш, и како семејства и како држава – вели Мицкоски.

Тој додаде дека болниците се полнат, а медицинскиот персонал е преморен.

-Нема доволно термини за тестирање, а Филипче кажува дека граѓаните доцна се пријавувале за третман. Јас им верувам, јас им верувам на граѓаните, но ми се чини дека министерот изгубил контакт со реалноста од држење прес конференции на кои ни ги кажува црните статистики и задоцнетите мерки. Ве молам, останете дома ако немате потреба да излегувате. Бидете на сигурно, со вашите блиски – порача Мицкоски.

Поврзани новости