Русковска не верува дека имало ГПС во торбата со пари: Камчев досега не спомна такво нешто

by fokus

Нови прашања отворија деветте нови аудио снимки со разговори поврзани со случајот „Рекет“. Особено внимение предизвика тврдењето дека во торбата има ГПС („во рачката, во металното“), а врз основа на сознанијата од тој систем, Камчев потврдува дека „куферот не е кај Заев”.

Обвинителката Вилма Рускоска во изјава за Дојче Веле вели дека Камчев досега ниту еднаш не споменал таков податок.

„Не верувам дека имало ГПС. Сведокот досега не споменал такво нешто, ниту во записникот за примање на кривичната пријава, ниту во исказот даден во текот на истражната постапка, ниту пак во сведочењето на главната расправа“, вели Рускоска.

Рускоска е убедена дека снимките не протекле од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал.

„Не верувам дека некоја обвинителка ги земала снимките и ги дала на Мицкоски. Сигурна сум дека не излегле од кај нас, пред се, поради внатрешните процедури и начинот на кој беа чувани. И фактот дека беа во заклучена просторија ја елиминира таквата можност“, вели обвинителката.

Поврзани новости