Македонец уапсен во Словачка поради убиство на Србин

by fokus 21:27
21:27

Двајца Срби кои нападнаа и до смрт го претепаа својот сонародник Никола Косаниќ (22) во Братислава во неделата, уапсени се во Унгарија и се обвинети за соучесништво во убиство, соопшти денеска словачката полиција.

Додека третиот напаѓач, државјанин на Северна Македонија, уапсен е во Словачка, но против него се уште не е подигнато обвинение.

– Во соработка со Националниот центар на Интерпол и унгарската полиција уапсени се двајца осомничени за напад врз Србин пред поштата во Братислава утрото на 8 декември, се наведува во соопштението на словачката полиција.

- Advertising -

Тие се уапсени врз основа на европскиот налог за апсење издаден од Првиот окружен суд во Братислава. Тие се обвинети во отсуство и во тек е процедура за нивна екстрадиција од Унгарија во Словачка.

Ако бидат прогласени за виновни ќе бидат осудени на казна затвор од седум до 10 години.

Поврзани новости