Русковска не најде криминал во работењето на директорот на МРТВ

by fokus

Директорот на Македонската радио телевизија, Марјан Цветковски, нема да биде кривично гонет за злоупотреба на службената положба, пренесува ИРЛ.

Обвинителството за борба со организиран криминал и корупција ја отфрли кривичната пријава од Управата за финансиска полиција со образложение дека Цветковски не сторил кривично дело и работел законски.

Кривичната пријава Финансиската полиција ја поднесе на 21 јуни, а решението за отфрлање како неоснована е донесено на 9 август.

Поврзани новости