Дендиас: Очекувам Северна Македонија и Албанија да направат опипливи чекори напред во важните прашања!

by fokus

Северна Македонија треба целосно и доследно да го спроведува Договорот од Преспа, изјави министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас во неговото воведно обраќање на постојаната Комисија за национална одбрана и надворешни прашања во грчкиот Парламент, jави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на грчката дипломатија истакна дека Грција ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија и Албанија, но очекува од двете соседни земји „да направат опипливи чекори напред во важните прашања“.

-Во однос на Северна Македонија, за нас, прашањето е целосно и доследно спроведување на Договорот од Преспа. Нова демократија, уште од времето кога беше во опозиција, се имаше изјаснето за проблемите што смета дека постојат во текстот на овој договор. Но, уште тогаш јасно кажавме и (актуелниот премиер) Киријакос Мицотакис ги повторуваше ставовите, дека по стапувањето во сила (на договорот), земјата е апсолутно обврзана да го почитува. И тоа го прави како Влада, рече Дендиас.

Поврзани новости