Русковска: Информацијата за притворот на Мијалков не протекла од Обвинителството

by Fokus

Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал, Вилма Русковска во изјава за телевизија „Сител“ вечерва негираше дека информацијата за притворот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков протекла од кај нив.

– Не постои таква можност, затоа што првата информација која јас ја испратив до МВР ја пишував сама во кабинет во попладневните часови во сабота и немаше никој на работа освен мене. Вчера, во неделата, дојдоа само колегите Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов веќе со изготвен предлог до судот за определување на мерка притвор така што освен нас тројца во неделата не знаеше никој. Апсолутно ја исклучувам можноста дека информацијата протекла од Обвинителството, изјави Русковска.

Поврзани новости