Кежаровски: Бегството на Мијалков е пример дека имаме селективна правда

by Fokus

Новинарот Томислав Кежаровски во врска со денешните настани, истакна дека кај нас се се сведува на паушални дејствија.

Рече дека бегството на Мијалков е сликовит пример за недопирливост и проблемот го лоцира кај обвинителството и судот.

„Ова де факто го потврдува мојот став дека ние имаме проблем со судот и обвинителството и доколку го решиме, кај нас ќе се решат проблемите и ќе имаме пофункционална држаВа. Вака како што е, имаме селективна правда.“ – вели Кежаровски за ТВ 24.

Поврзани новости