Во ковид центрите се лекуваат 700 заразени со Ковид-19

by fokus

На инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава се лекуваат 700 пациенти заразени со Ковид-19 и има околу 560 празни болнички кревети во ковид центрите, а во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што се ослободуваат дополнителни легла, информираат од Министерството за здравство.

Според дневните извештаи кои пристигнуваат во Министерството за здравство, најмногу хоспитализирани пациенти, во изминатото деноноќие, има во Куманово, вкупно 61. Во ковид центарот во Прилеп има 47 пациенти, додека, пак, во Охрид 40 пациенти. По 34 пациенти има во болниците во Битола и Штип. Во Велес и Струмица се лекуваат по 31 болен, во Струга 27 а во Тетово и Кавадарци има по 21 пациент.

Во Кичево има хоспитализирано 16 пациенти, а во Гостивар два помалку, односно 14. Најмалку пациенти има во Кочани, вкупно девет, потоа Дебар осум и Гевгелија 6 лица.

Од Министерството за здравство потсетуваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород, велат од МЗ и споделуваат дека имаат увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Поврзани новости