48
Четворица од осомничените за вооружениот терористички напад врз посетителите во концертната сала „Крокус сити хол“, во предградието на Москва се странски државјани, соопшти денеска руското Министерство за внатрешни работи.
„Сите осомничени, кои се уапсени, се странски државјани, се наведува во соопштението, но во него не се прециизра нивната националност.
Руските медиуми и еден неименуван руски пратеник кажаа дека некои од осомничените се од Таџикистан, централноазиска држава која се граничи со Авганистам а во која е активна Исламска државам, органзиацијата која ја презеде одговорноста за синоќешниот напад во кој се убиени најмалку 143 лица.