494
Руското Министерство за надворешни работи денеска повторно ги повика своите граѓани да не патуваат во Турција, бидејќи имало опасност од терористички напади, а веќе закажаните патувања да ги откажат.
-Граѓаните на Русија не треба да патуваат во Турција поради заканите од терористички акции на територијата на таа држава, се наведува во соопштението на руското МНР.
Ова е втора препорака од Русија до своите граѓани да не патуваат во Турција, која доаѓа по соборувањето на рускиот авион од страна на Турција. На граѓаните кои веќе се наоѓаат во Турција, руското МНР им препорача што е можно поскоро да се вратат во својата татковина.