438
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу пред членовите на својата партија АКП изјавил дека лично тој го наредил соборувањето на рускиот авион, бидејќи влегол во воздушниот простор на Турција и не ги послушал предупредувањата да се повлече.
-И покрај предупредувањата, немаше реакција и моравме да го уништиме авионот. турските оружени сили го изведоа нападот, по моја наредба, изјавил Давутоглу.
Тој рекол и дека не сакал ова да се случи, но секој морал да го почитува правото на Турција да ги брани своите граници. Како што изјавил на состанокот на партијата, одлуката да се собори рускиот авион била донесена во согласност со правата и должностите на државните функционери кон државата.