Мемети: Погрешно е користењето на децата за промовирање на една религија

by Фокус

Народниот правобранител Иџет Мемети реагираше дека е крајно непримерно инволвирање на децата во манифестации кои имаaт верска конотација, а преку кои непосредно се подгрева нетолеранција кај младите.

-Погрешно и неоправдано е да се користат децата за промовирање на една религија во Република Македонија, што е спротивно на определбата на општеството како мултикултурно, мултитеничко и мултиконфесионално, во кое треба да се учи за различностите и почитување на истите. Затоа, народниот правобранител укажува училиштата особено внимание да посветат на правилната едукација на децата и на младите, односно да бидат основни места каде се учат толеранцијата и почитувањето на другите етнички заедници, култури и вери, се вели во соопштението од Народниот правобранител.

Тој го осуди и инволвирањето на децата во општинските анкети, при што потсетува дека во училиштата децата треба да се се стекнат со воспитание и образование, а не преку нив да се доставуваат писма кои се однесуваат на работата на општината или за остварување на други цели, надвор од воспитно-образовниот процес.

Поврзани новости