Руско МНР: Москва сака да избегне интервенција во Молдавија

by Fokus

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Москва сака да го избегне сценариото и да интервенира во самопрогласениот регион Придњестровје во Молдавија.

Претседателката на Молдавија, Маја Санду денеска свика седница на Врховниот совет за безбедност поради инцидентите што се случија во самопрогласениот регион Придњестровје.

Во селото Мајак, областа Григориопол денеска одекнаа две експлозии, при што беа онеспособени двете најсилни антени на радио центарот кој емитува руска радиопрограма. Во инцидентот нема повредени луѓе.

Додека украинското Министерство за надворешни работи коментирајќи ги експлозиите истакна дека Русија се обидува да го вовлече регионот во војна против Украина. Во соопштението се наведува дека Украина го поддржува територијалниот интегритет на Молдавија.

Поврзани новости