Руските сили го зазедоа Славутич и го киднапираа градоначалникот

by Fokus

Руските вооружени сили го киднапираа градоначалникот на украинскиот град Славутич и ги растераа жителите кои протестираа поради руското преземање на контролата врз градот сместен во подрачјето на Киев, јави Анадолија.

Началникот на киевската Регионална воена управа Александар Пављук соопшти дека руските сили ја зазеле и градската болница во Славутич. Истакнувајќи дека жителите на градот излегле на улиците во знак на протест поради окупацијата, Пављук напомена дека насобраните граѓани пред болницата развиле големо украинско знаме и скандирале пароли против Русија.

Тој рече дека руските сили фрлиле звучни бомби на демонстрантите и пукале во воздух, со цел да ги растераат.

Нагласувајќи дека народот не се разотишол, туку продолжил со протестот, Пављук рече дека руските сили го киднапирале градоначалникот на Славутич, Јуриј Фомичев, пренесува Анадолија.

Поврзани новости