Рускиот амбасадор во Атина: Нема зошто сега Лавров да ја посети Грција

by fokus

Нема поента рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров да доаѓа во посета на Грција со оглед на сегашните околности, изјави денеска рускиот амбасадор во Атина Андреј Маслов.

– Сметам дека во сегашната ситуација нема поента, па дури и кога е во прашање претходен договор, бидејќи посетата требаше да се случи во септември. Прерано е да се зборува за тоа додека не се разреши ситуацијата, истакна Маслов.

Според него, Лавров добил покана да ја посети Грција, но се уште не ја прифатил, така што е тешко да се предвидат натамошните случувања.

Маслов изјави дека Русија ќе протера грчки дипломати, а датумот кога тоа ќе се случи, како и бројот на протераните, се уште се непознати.

– Ние веќе рековме дека следат реципрочни мерки. Не знам кога, кој, ниту точна бројка, но секако, согласно постојната пракса, ќе има контрамерки, рече Маслов.

Весникот „Катимерини“ пред една седмица објави, повикувајќи се на дипломатски извори, соопшти дека Атина ќе протера двајца руски дипломати и ќе забрани влез за уште двајца.

Поврзани новости