ВМРО-ДПМНЕ не се откажува: Поднесени над 400 амандмани за изборниот законик

by fokus

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 400 амандмани за изборниот законик, односно за новиот модел на избор на ДИК, кој попладнево беше на дневен ред на собраниската комисија за европски прашања, објави порталот Макфакс. Со оглед на тоа што амандманите беа поднесени неколку моменти пред почетокот на Комисијата, истата за кусо време беше одложена за да се архивираат и преведат амандманите.

ВМРО-ДПМНЕ претходно побара да не се усвои дневниот ред на Комисијата за да не почне да тече рокот за разгледување на амандманите.

Според деловникот, Комисијата има три дена за да ги разгледа амандманите и да гласа за измените на изборниот законик што ги предложи Владата.

Поврзани новости