589
Рускиот воен брод „Сметлив“ употребил оружје за да избегне судир со турски брод кој се приближил на 600 метри и не одговарал на предупредувањата, информираат од руското Министерство за одбрана.
Според Министерството, рускиот воен брод испукал „предупредувачки истрели“ кон еден турски рибарски брод во Егејското море, во обид да се избегне судар меѓу двата брода. Турскиот брод се приближил на 600 метри до рускиот брод, а откако не реагирал на предупредувањата, биле испукани неколку истрели. После истрелите, забразно почнал да се повлекува.
Воениот претставник на Турција во Москва, бил повикан во руското Министерство за надворешни работи, за да му се изрази протест поради инцидентот.