439
Руски воен аналитичар ја нарече Украина „психијатриско болно општество“ во програма на руската државна телевизија утринава, по огромниот ракетен напад врз енергетски објекти и станбени области во Украина.
На видеото споделено на Твитер од новинарот на Би-Би-Си Френсис Скар се гледа како Александар Артамонов на руската државна телевизија вели дека „нападите мора да продолжат систематски“ по големите денешни ракетни напади.
– Се разбира дека нападите треба да продолжат и тоа систематски, бидејќи според мене, украинското општество во моментов е во психијатриски болна состојба, рече Артамонов.