588
Руски советник во Обединетите нации во Женева поднесе оставка.
Тој е највисокиот дипломат кој пребегнал од почетокот на инвазијата на неговата земја врз Украина во февруари, според ексклузивниот извештај на UN Watch, независна невладина организација за човекови права со седиште во Женева.
-Никогаш не сум се срамел толку од мојата земја – напиша Борис Бондарев во изјавата споделена со дипломатите во Женева.
Бондарев е херој, рече извршниот директор на UN Watch, Хилел Ноер, кој моментално учествува на Форумот за слобода во Осло, годишен собир на дисиденти за човекови права.
-Сега ги повикуваме сите други руски дипломати во Обединетите нации – и ширум светот – да го следат неговиот морален пример и да поднесат оставка – рече Ноер.