Само Ким Џонг Ун без маска на погреб

by Фокус

Во време кога коронавирусот ја пустоши Северна Кореја, нејзиниот лидер Ким Џонг Ун слободно оди без маска.

На погребот на маршалот на Корејската народна армија Хјун Чол Хае, кој наводно одиграл клучна улога во неговата подготовка за лидерот на земјата, севернокорејскиот лидер беше единствениот кој не носеше маска.

На фотографиите се гледа дека Ким Џонг Ун без заштитна маска го носи ковчегот на својот ментор со други мажи со маски, пред да фрли земја на неговиот гроб.

Северна Кореја долго време негираше дека на нејзина територија има ковид-19.

Дури и првиот случај го признала пред неколку дена.

Сепак, тамошните медиуми најчесто пишуваат за „неидентификувана треска“.

Поврзани новости