Руската Влада им наложи на затворските власти да изградат 25 казнени колонии во регионите на Украина анектирани од почетокот на војната, објавено e денеска во официјалното Парламентарно гласило.
Според наредбата на руските власти, 12 затвори ќе бидат изградени во регионот на Доњецк, седум во Луганск, три во окупираниот дел на регионот Керсон и два во областа Запорожје, каде што треба да се изгради и затворски камп од отворен тип.
Организацијата за граѓански права „Русија зад решетки“ тврди дека платеничката организација „Вагнер“ досега регрутирала околу 50 илјади затвореници од руските затвори за војната во Украина. Од нив, според организацијата, само околу десет илјади се воено активни, додека останатите или загинале, дел се ранети, заробени или дезертирале.