Секогаш ќе бидам горда Македонка, вели Зајкова

by Fokus

Уставите измени треба да значат отворање на поглавјето во ЕУ, рече синоќа претседателката на ЛДП, Моника Зајкова.

Како што додаде таа, горда е што е Македонка и никој не може да ја менува свеста на генерациите.

„Никој од нас не сака да е понижен, секаде каде што одам се претставувам како горда Македонка, не може мене никој да ми ја наметне мојата историја или како јас ќе ја толкувам мојата историја, ниту пак некој може да ми наметне што ќе бидам, моите се по потекло од Кукуш, јас секогаш ќе бидам по потекло од Кукуш, не можам да бидам од друго место. Говорам македонски јазик, израсната сум со една историја, не може никој да ми го менува или да ја менува свеста на генерациите“, истакна Зајкова.

Поврзани новости