672
Руските истражувачи објавија дека ја модифицирале вакцината „Спутник В“ за употреба против позаразната делта-варијанта на коронавирусот.
-Модифицираната вакцина е веќе во фрижидер – изјави за Интерфакс шефот на институтот Гамалеја, Александар Гинзбург.
Тој рече дека е прерано да се зборува за ефикасноста на вакцината.
Други производители веќе работат на измена на нивните вакцини против новата делта варијанта.
Во исто време, Гинзбург се залага за употреба на вакцината „Sputnik Light“ како „засилувачка“ вакцина за оние кои веќе се целосно вакцинирани со вакцините Бионтек и Фајзер.
Русија досега разви четири вакцини против коронавирусот и работи на петтата.
Инаку, „Спутник В“ е одобрена во околу 70 земји.