Руската амбасада за „Пуч“: Очекуваме темелна истрага, а постоечките проблеми да се решаваат по пат на дијалог

by Фокус

Руската амбасада излезе свој став за полициската акција „Пуч“, во која е осомничен лидерот на опзицискиот СДСМ, Зоран Заев и уште три други лица. Тие очекуваат темелна истрага за целиот случај во интерес на стабилноста и безбедноста на Македонија.

– На 31 јануари органите за ред и мир на Македонија информираа за спречување на обид за државен удар. Според државното раководство на таа земја, во организирањето на неуспешниот пуч биле непосредно вовлечени лидерот на најголемата опозициска партија, СДСМ, а исто така странски разузнавачки служби. Очекуваме дека овој настан ќе биде предмет на  темелна истрага во интерес на стабилноста и на безбедноста во Македонија. Ги повикуваме сите политички сили во земјата да дејствуваат во рамките на уставните демократски институти, а постоечките проблеми да ги решаваат по пат на дијалог. Било какво разнишување на состојбите во пријателската Македонија носи ризик за опасно заострување на меѓуетничките тензии во земјата – се наведува во соопштението од Руската амбасада.

Од таму додаваат, дека се потврдува актуелноста на рускиот предлог за усвојување, во рамките на ОБСЕ, на документ за недозволивост на противуставни државни удари.

Поврзани новости