Русите објавија како се планирал нападот врз Кримскиот мост

by Фокус

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) го обвини Главниот разузнавачки оддел на Министерството за одбрана на Украина дека стои зад експлозијата на Кримскиот мост, при што е утврдено дека организатор на нападот бил главниот оддел за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина и нејзиниот шеф Кирил Буданов, како и вработените и агентите во тоа министерство.

Руските медиуми објавија и фотографии од тоа како се одвивале подготовките за пренасочување и како експлозивната направа била камуфлирана во ролни полиетиленска фолија.

Приведени се пет државјани на Русија, тројца државјани на Украина и на Ерменија, кои учествувале во подготовката на делото. ФСБ тврди дека експлозивите што предизвикале уривање на дел од мостот биле испратени од Одеса преку Бугарија, Грузија и Ерменија.

„Целата активност на ФСБ и Истражниот комитет е бесмислица“, изјави портпаролот на министерот за внатрешни работи Андриј Јусов на прашањето за обвинувањата на Москва за експлозијата на мостот на Крим.

Поврзани новости