684
Околу 5.200 луѓе учествуваа на забранетите протести во Москва, Санкт Петербург и други региони на Русија, поради што беа приведени повеќе од 3.500 луѓе. Ова денеска за ТАСС го соопшти официјалната претставничка на руското Министерство за внатрешни работи Ирина Волк.
– Во Москва демонстрираа 2.500 луѓе, приведени се 1.700. Во Санкт Петербург бројот на учесници беше приближно 1.500, од кои 750 беа приведени. Во другите региони, вкупно 1.200 луѓе учествуваа на протестите за кои немаше дозвола, а 1.061 беа приведени, рече таа.