Русија тврди дека го уништилна последниот украински голем воен брод, Украина молчи

by Fokus

Русија тврди дека го уништила „Јуриј Олефиренко, последниот голем воен брод на украинските поморски сили, за кој рече дека бил стациониран во јужното пристаниште Одеса.

„Со многу прецизен удар на 29 мај, од страна на руските воздухопловни сили на пристаништето во пристаништето Одеса, беше уништен последниот воен брод на украинската морнарица Јуриј Олефиренко“, соопшти руското Министерство за одбрана, пренесе „Москва тајмс“.

Сепак, украинското Министерство за одбрана сè уште не ги потврди овие наводи и одби да ја коментира ситуацијата.

Патем, „Јуриј Олефиренко“ е средно голем десантен брод за војници и возила.

Првично беше наречен „Кировоград“, но беше преименуван во 2016 година во чест на украинскиот маринец кој беше убиен во близина на Маријупол во 2015 година.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски го награди екипажот на овој брод неколку месеци по почетокот на војната, лани во јуни.

Поврзани новости