67
Илјадници луѓе ширум Русија вчера на дождот во Москва им оддадоа почит на загинатите во терористичкиот напад извршен во петокот вечерта во концертната сала „Крокус сити хол“, а изразувањето на тагата за овој масакр продолжи и денеска.
Свештениците започнаа молитви за душите на убиените, а знамињата беа спуштени на половина копје.
Рускиот претседател Владимир Путин запали свеќа во спомен на жртвите од нападот на Денот на националната жалост на 24 март.