Матичните лекари нема да работат неколку часа поради убиството на нивниот колега во Железара

by Fokus

Матичните лекари од приватното здравство денеска од 12 до 16 часот нема да работат во знак на револт, по убиството на нивен колега, кој во петокот вечерта беше пронајден мртов со убодни рани на паркингот пред поликлиниката Железара.

Претседателката на Здружението на приватни матични доктори, Лилија Чолакова Дервишова во изјава за МИА во петокот истакна дека е неопходно да се донесе закон за докторска дејност со кој точно ќе се дефинираат условите, правата и должностите на лекарите.

– Го повикувам Министерството за здравство што поскоро да се донесе Законот за докторска дејност со кој ќе се заштити работата на лекарите. Ние сме навистина револтирани и згрозени од ваквиот чин, рече Чолакова — Дервишова.

И Лекарската комора побара итна разрешница на случајот со починатиот лекар.

Поврзани новости