Русија регрутира поранешни специјалци на авганистанската армија за борба во Украина, тврдат генерали

by Fokus

Руската армија за борби во Украина регрутира припадници на специјалните единици на авганистанската армија кои побегнаа во Иран по хаотичното повлекување на САД од Авганистан минатата година, тврдат поранешни генерали на авганистанската армија.

Двајца генерали на авганистанската армија посочуваат дека илјадници поранешни авганистански командоси сакаат да се придружат на руските странски легии, како заради стабилните плати од 1.500 долари месечно, но и поради ветувањата дека нема да бидат депортирани во Авганистан, што би значело смрт за многумина од нив.

„Тие не сакаат да се борат, но немаат избор“, вели генералот Абдул Раоф Аргандивал, додавајќи дека неколку десетици командоси кои сега се во Иран, а со кои тој комуницира преку СМС, најмногу се плашат од депортација.

Поврзани новости